Блерта Поцеста ќе одговара за линчот на своите родители и сестрата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Блерта Поцеста кривично ќе одговара за убиство на своите родители и 13-годишната сестра во Дебар, откако гостиварското обвинителство поднесе обвинителен акт против неа. Кривично обвинение е поднесено и против нејзини двајца познаници, кои обвинителството ги терети за сооучесници, пренесува Фокус.

-Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица кои се товарат дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.

По сеопфатна истражна постапка, обвинителството обезбеди докази дека првообвинетата сторила кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, додека другите двајца обвинети за помагање при извршување на истото кривично дело.

На 26.08.2018 година, во семејната куќа во Дебар, обвинетата пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Другите двајца обвинети со умисла и помогнале во извршувањето и прикривањето на кривичното дело.

Тројното убиство се случи на 27 август во семејната куќа на семејството Поцеста, при што беа убиени 55- годишниот Амит, 53- годишната Назмие и 13-годишната Анила.