Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако во медиумската и јавноста на социјалните мрежи се крена голема прашина и имаше лавина од негативни критики и коментари за издадената зибрка поезија „Млади поети“ од страна на Агенцијата за млади и спорт поради спорните и контроверзни песни кои се најдоа поместени во истата, за некои од нив „клопчето почна да се одмотува“.
Александар Блажевски од Јанковец, Ресен, јавно призна дека тој е автор на спорните песни објавени во збирката поезија „Млади поети“, проект финансиран од Агенцијата за млади и спорт, а чиј е уредник е директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.
„Признавам дека јас напишав, но тоа се само песни, не се политички колумни ниту обвиненија за конкретни учесници. Тие се само опомена за моралните недостатоци во едно општество, една од најважните цели на литературата, за да биде ангажирана и да има општествена смисла“, вели Блажевски.
Според тоа што тој пишува на Фејсбук, Блажевски со песната „Партиски вработена“ им се одмаздува на жените.
„Јас сум лице што неколку пати ‘папал корнишон’ односно иако со најголем академски успех, било елиминирано на универзитетски или администрациски конкурси за вработување, и тоа постојано во корист на женски противкандидатки кои биле партиски вработени. Нели требало да се одмаздам некако, ако не со пушка, барем со песна?“, вели Блажевски.
Некои го опишуваат Блажевски како генијалец по математика и физика, асоцијален и секогаш со силна желба да зборува вулгарности. Бил вработен и како наставник во основно училиште. Сега, како што е објавено на неговиот профил на Фејсбук, работи хонорарно во Општина Ресен.
Инаку, како автор на скандалозните песни со недолична и дискриминаторска содржина е потпишан Даниел Пиљаковски. Тој претходно рече дека Блажевски аплицирал на конкурсот во негово име. Причината била тоа што учесниците не требало да се постари од 29 години, а Блажевски не го исполнувал тој критериум.
Каевски, кој се јавува како уредник на публикацијата, рече дека професионална одговорност мора да има, мора да се знае кој го премолчел ова и дозволил да се случи. „Нема повеќе место за говорна омраза и дискриминација. Ќе направиме сè што е во наша ингеренција да ја детектираме вината. Не ја пренасочувам вината само во комисијата, чувствувам морална, но и професионална одговорност кај мене како директор“ рече Каевски.
Членовите на комисијата велат дека тие не ја извршиле селекцијата на спорните песни.