Home Наука и техонологија Блаже Конески – „Татковина“

Блаже Конески – „Татковина“

Со замислени меѓи сум ја означил својата татковина.

Сум поставил белеги на сите нејзини
граници и на сите стратегиски точки: на
тераси над реки, езера и над морскиот брег
кај што сум седел долго со пријатели во
летни вечери, при чашка црвено вино.

На пазаришта со раскошни бои и опојни
мириси од есенско обилие.

На планински врвови кога низ проретчени
облаци се открива поглед во далечни
предели.

До кај што сум ја пронесол својата љубов,
дотаму е мојата татковина.
А вие, еј? На што
сте смислиле да ја сведете?!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…