Блатер ја откри вистината зошто Катар ја добил организацијата на Светското првенство 2022


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светското првенство (СП) во Катар ќе почне на 20 ноември, а бившиот претседател на ФИФА, Сеп Балтер, кажа дека никогаш не го поддржал овој избор и излезе со контроверзна изјава за причината поради која Катар ја добил организацијата.

Блатер во разговор со англиските медиуми откри што се случило и за тоа обвини еден човек.

„Катар е голема грешка. Оваа земја е мала и го нема капацитетот за Мундијалот. На место Катар домаќин требаше да биде САД, таков беше планот. Русија да биде во 2018, а САД во 2022 година. Двете земји кои се на спротивставени страни да се спојат на ваков начин и колку толку да се смират тензиите помеѓу нив. Сепак, тоа не се случи. Зошто? На една недела пред изборот се јави Мишел Платини, и ми рече дека тогашниот претседател на Франција, Саркози инсистира Катар да го добие Мундијалот, и да биде домаќин на истиот. Една недела подоцна, Катар купи борбени авиони од Франција вредни 15 милијарди евра. Ете тоа е вистината за Мундијалот во Катар“ – изјави Блатер.