Благоја Милевски е логичен наследник на Мрме


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Селкторот на младата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е прв фаворит за наследник на Игор Ангеловски на селекторската позиција.

Игор Ангеловски вчера за последен пат ја предводеше фудбалската репрезентација на Македонија против Холандија.

Договорот на Ангеловски завршува следниот месец и синоќа после мечот тој се заблагодари и потврди дека заминува.

Благоја Милевски е логичниот избор за наследник на Ангеловски, во два наврати е предводник на младата репрезентација, а сега ќе треба од септември да го продолжи добриот старт на мундијалскиот циклус.