Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот српски актер и режисер Драган Бјелогрлиќ признал дека го нападнал режисерот Антонијевиќ и дека „му е жал што наседнал на провокациите“, а тоа беше доволно полицијата во Ниш да го ослободи од притвор и да му дозволи да продолжи да се брани од слобода, пишува Н1.
Тоа што се случило не е воопшто она што го пишувале режимските медиуми, а Бјелогрлиќ не бил под дејство на дрога или алкохол, објасни неговиот адвокат Горан Драганиќ.
– Ќе растажам многу таблоиди, не се пронајдени психоактивни супстанции и недозволени количини алкохол. Немаше жесток напад одзади – рече Драганиќ.
Бјелогрлиќ жали што дозволил овој скандал да ги засени премиерите на неговите два филма на фестивалот во Ниш.
– Секогаш се прашував зошто го сакам овој град, тој е со мене во најтешките моменти. Би сакал да им се заблагодарам за професионалноста, за Обвинителството што не подлегна врз притисоците и кое професионално ја заврши својата работа. Затоа што ми дадоа можност да објаснам што се случи, а она што се случи не е она што го пишуваа режимските таблоиди. Жал ми е што наседнав на провокациите на Антонијевиќ кои траат повеќе од една година, жал ми е што Антонијевиќ се појави токму во моментот кога имав две прекрасни премиери и жал ми е што не можев да издржам и да ги игнорирам тие провокации и што дозволив ова да фрли сенка на двата настани во Ниш. Жал ми е што го направив ова. Жал ми е што го направив ова. Јас не се упатив накај него, туку бев тргнат во тоалет, а реагирав тогаш кога тој почна да ми дофрла – емотивно настапи Бјелогрлиќ за медиумите.
По кратката изјава што ја даде за медиумите, Бјелогрлиќ со својот адвокат замина за Белград. Неговиот предмет ќе продолжи и ќе се бараат нови докази, објаснија претходно од Обвинителството на градот Ниш.