Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
38-годишната Алехандрина Жизел Гузман, ќерка на озлогласениот мексикански нарко-бос Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, се омажи за внукот на друг член на картелот на нејзиниот татко во мексиканскиот град Кулиакан.
Алехандрина се омажи со Едгар Казарес, внук на Бланка Маргарита Казарес која е позната како мексиканската „нарко бароница“.
Свадбата се случи на 25 јануари, а сликите и фотографиите од раскошната прослава штотуку се појавија на социјалните медиуми.
Според мексиканските медиуми, младенците пристигнале на свадбата во оклопни возила. Нејзиниот татко не бил присутен бидејќи во моментот издржува казна доживотен затвор, Алехандрина танцувала со нејзината мајка Марија, првата сопруга на Ел Чапo.
Невестата се појави во бела венчаница со тијара на главата. Прославата се одржа во одморалиштето Алма Гранде ,а гостите ги забавуваше групата Калибар 50 и пејачот Џулион Алварез.
La boda de la hija del #chapo‼️Quien será el valiente yerno⁉️ pic.twitter.com/sWKVjObZT4
— Andrey García On Line (@AndreyGM_Online) February 1, 2020
Самата венчавка се одржа во катедрала, која беше затворена за јавноста по тој повод, што предизвика критики.
„Ова е потсетник за тоа колку е вкоренето во ова општество моќното семејство Гузман. Тие се дел од елитата. Така се третираат и другите членови на елитата, вклучувајќи ја и црквата“, изјави Фалко Ернст, меѓународен аналитичар за Мексико.