Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако преживеа неколкудецениски пад во профитот, светската музичка индустрија која се занимава со снимање на музика четврта година по ред бележи пораст во заработката.
Овој податок го изнесе Меѓународната федерација на фонографска индустрија (The International Federation of the Phonographic Industry – IFPI) во нивниот годишен извештај. Според податоците од овој извештај, продажбата на музика минатата година бил остварен приход од 19,1 милијарди долари.
Тој резултат ја надмина бројката од 18,4 милијарди , остварени во 2007 година. Речиси половина од овие 19,1 милијарда се заработени од платформите за интернет пренос односно 8,9 милијарди долари.
Платформите за „стриминг“ пораснаа од 2017 за 34 проценти. Продажбата на физички формати како ЦД опадна за 10 проценти , а дигиталното преземање падна уште повеќе за 21 процент.
Според овој извештај наголеми се музичките пазари во САД , Јапонија и Британија, додека најдобро се продава музиката на Дрејк, БТС и Ед Ширан.