Бизнис секторите на Македонија, Албанија и Косово бараат брза изградба на автопатот Скопје-Блаце


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На заедничкиот состанок кој го одржаа во Скопје, бизнис коморите на Македонија, Косово и Албанија констатираа дека автопатот Скопје-Блаце е клучен проблем за фирмите од регионот. На состанокот, исто така, беше констатирано дека лошата инфраструктура го попречува работењето. За бизнис секторот е неприфатливо оваа делница да биде завршена во 2023 година.

Прмеиерот Заев вели дека државата вложува во инфраструктурата. Се работи забрзано на Коридорот 8, а почната е постапката и за автопатот до Блаце.

Освен инфаструктурата, за компаниите од трите земји проблем се и административните бариери, а макеоднската влада најавува дека новиот царински терминал на Ќафасан е тпокму во насока на олеснување на пречките.

Министертсвто за економија најавува дека наскоро кон Албанија ќе функионира и оне стоп шоп што значи дека со едно застанување ќе се завршува целата работа.

Бизнисмените од трите земји велат дека можат да функцинираат како ефективен триаголник, да инвестираат тука но и заеднички да настапуваат на странските пазари.