Home Шоубизнис Бизарниот начин за опуштање на Стив Џобс

Бизарниот начин за опуштање на Стив Џобс

Стив Џобс дефинитивно светот ќе го памети како технолошки гениј и иноватор кој со гигантот Apple и неговите производи засекогаш го смени светот и нашата сегашност.

Но, освен по неговата иноваторска генијалност, за името на Џобс се поврзуваат и некои интригантни и скокотливи детали, нормално, од неговиот приватен живот.

Еден од најинтересните детали е начинот на опуштање на сега покојниот сооснивач на компанијата Епл. Додека повеќето луѓе паузите на работното место ги користат за пиење кафе или јадење , Џобс се ослободувал од стресот на несекојденвен начин.

Според авторизираната биографија на Стив Џобс од авторот Валтер Исаксон, Џобс би одел во тоалет и во водата од тоалетната школка ги ставал своите боси нозе. Во биографијата се наведува и дека не водел многу сметка за хигиена.

На почетокот на кариерата кога работел во компанијата Атари , работел ноќни смени за да не биде во контакт со колегите. Не сакал да го гледаат зашто со денови не се бањал и одел низ канцеларијата бос.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …