Бизарната причина поради која Доналд ја обожава брзата храна


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на САД, Доналд Трамп, поради една бизарна причина ја обожава и често ја практикува брзата храна.

Мајк Вуф во книгата за Трамп пишува дека тој сака да јаде храна од познатите ланци поради страв од труење.

„Трамп стравува од труење и поради тоа сака да јаде од Мекдоналдс и ланците за брза храна – знае од каде доаѓа храната“, пишува Вуф во книгата „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“.

При еден негов говор Трамп истакна дека сака чистота и дека сака да оди таму каде што е сигурно, а не на места каде што не знае од каде доаѓа храната.