Бизарна мода на познатата актерка: Позираше со пумпи за млеко на градите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славната холивудска актерка со канадско потекло која ја паметиме од тривијалниот филмски хит „Notebook“, Рејчел МекАдамс, позираше во необично и бизарно издание за магазинот „Girls Girls Girls“.

МекАдамс која неодамна за прв пат стана мајка, позираше во сако од Версаче и дијаманти од Булгари додека на градите и биле ставени пумпи за измолзување и собирање млеко.

Фотографијата ја направи Клер Ротстејн, фотограф и основач на овој магазин кој изјавил дека имала милион причини за ваква фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel McAdams (@rachelmcadams1) on

„Снимањето на овие фотографии беше направено 6 месеци откако Мекадамс роди син. Во паузите и извлекуваа млеко со помош на пумпите бидејќи го дои своето бебе“ – изјавила таа.

Додала дека сликите биле уште погламурозни бидејќи Рејчел на нив носи сако од Версаче и дијаманти од Булгари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel McAdams (@rachelmcadams1) on

„Иако не бевме сигурно кој прв рекол дека треба да направиме ваква слика, прилично сум сигурна дека Рејчел е таа што прави да ја сакам уште повеќе. Доењето треба да биде најнормална работа на светот и не сакам да помислам дека некој ќе биде навреден поради овие фотографии“ – заклучила фотографката.