Бизарна галерија со некролози од странските амбасадори кружи на социјалните мрежи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Галерија со фотографии од повеќе амбасадори, странски дипломати и посредувачи, од утрово кружи по социјалните мрежи. Фотографиите се поставени во комеморативни рамки со црни ленти и погребни свеќи.

Не е познато кој е автор ваквите бизарни и невкусни фотографии, но, според реакциите и досегашните коментари, ова некои го толкуваат како симболичен повик за линч на амбасадорите.

Меѓу нив може да се забележат ликовите на амбасадорот на САД, Џес Бејли, на германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер, на амбасадорот на Велика Британија Чарлс Герет, потоа тука е и претставничката на Франција Лоренс Оер, но и довчерашниот евроамбасадор Аиво Орав. Исто така, со посмртни фотографии се вклучени и поранешниот медијатор во работните групи за договорот од Пржино, Питер Ван Хојте, како и европратеникот Ричард Ховит.