Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последниве две години Доналд Трамп стана лице за кое секојдневно пишуваат медиумите на сите четири страни од светот, а односот меѓу Доналд и жените во неговото семејство е една од најинтригантните теми. Тој моментално е во трет брак со Меланија Трамп, а од претходните бракови има четири деца.
Иако неговиот однос кон Меланија е доста честа тема во таблоидите, Доналд секогаш отворено докажувал и покажувал колку ја обожава својата ќерка Иванка, која по неговото стапување на претседателската функција на САД, доби важна улога во Белата куќа.
А Трамп секогаш крева прашина со своите непримерни изјави за жените, но многумина сметаат дека најлоши и најбизарни од нив се оние кои ги има кажано токму за Иванка.
Во текот на едно интервју во 2006 година, Трамп го прашаа што би направил да ја види ќерката Иванка во Плејбој.
„Тоа би ме разочарало. Всушност – зависи што ќе видам. Мислам дека Иванка не би го направила тоа, иако има убава фигура. Веќе сум кажал – да не беше Иванка моја ќерка, веројатно би ја заведувал“, контроверзно коментираше Доналд.
А во друга прилика ги коментираше нејзините гради, откривајќ дека се природни.
„Се нема подложено на зголемување на градите. Би знаел да имаше направено такво нешто. Зошто? Па секогаш изгледала похотно“, без задршка коментираше Трамп.
А често истакнува и дека Иванка за него е најубава жена на светот, што воопшто не е спорно со оглед дека е нејзин татко.
„Многумина велат дека Шарлиз Терон е најубава, но за мене тоа е мојата ќерка Иванка. Погледнете ја, висока е 180 см“, изјави во една прилика.