Advertisements
Вебкафе

Бизарен крај: Исчезна пред 10 години – еве каде го најдоа неговото тело

Кога во еден супермаркет во Ајова беше пронајдено тело на починат маж заглавено во простор од околу 45 сантиметри зад еден од смрзнувачите во маркетот, истражните органи веднаш беа алармирани и вклучени во истрагата за причината за смртта на лицето.

Истрагата утврдила дека се работи за некогашниот работник на истиот маркет кој исчезнал пред 10 години.

Полицијата вели дека ДНК анализата покажува дека остатоците му припаѓаат на Лери Ели Муриљо-Монкади, кој исчезнал пред десет години, на негова 25-годишна возраст.

Исчезнувањето на Лери го пријавија неговите родители уште во 2009 година. Тогаш тој заминал од нивната куќа после кавда и тоа за време на силна бура. Тогаш рекоа дека многу чудно и ирационално се однесувал и сметале дека тоа е поврзано со лековите кои почнал да ги пие.

Полицијата смета декаа човечот паднал во тесниот простор меѓу ледот и ѕидот. Според пишувањето на странските медиуми, во случај 25-годишното момче да довикувало помош никој не можел да го слушне поради бучавата која се одвивала во продавницата која се реновирала.

Обдукцијата покажала дека нема траги од насилна смрт и затоа случајот е прогласен за случајна смрт.

Advertisements
To Top