Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендата на англискиот фудбал, Реј Вилкинс се бори за живот во болница откако преживеа срцев удар.
61-годишниот поранешен играч на Челзи и Манчестер Јунајтед моментално е во кома.
„Вилкинс беше поставен во вештачка кома и моментално е на интензивна нега. Неговата состојба е критична после срцевиот удар“, изјави неговата сопруга.
The thoughts of everybody at Chelsea Football Club are with Ray Wilkins and his family tonight. Keep fighting Ray, you have our love and support. pic.twitter.com/egOapZhDYN
— Chelsea FC (@ChelseaFC) March 30, 2018
Вилкинс работеше во тренерскиот тим на Челзи и му беше помошник на Карло Анчелоти, а како фудбалер има запишано 84 меча за англиската репрезентација.