И бившиот технички премиер Емил Димитриев осомничен и на распит за Талир


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешнот премиер од техничката влада, Емил Димитриев, беше на распит во СЈО како осомничен за случајот Талир. Тој по распитот рече дека ги побарал доказите на увид, а додека не ги добие нема да дава коментари во јавност.

СЈО доставило покани и ги повикало сите 14 обвинети во овој случај на распит. Случајот Талир се однесува на истрага за незаконско финансирање на партијата ВМРО ДПМНЕ, а првоосомичен е лидерот и поранешен премиер Никола Груевски.

По Димитриев, во СЈО дојде и пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, заедно со својот сопруг.