Бившиот прв човек на Холивуд кркаше шамарчиња во ресторан (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Харви Вајнстин, некогашниот прв човек на Холивуд кој десетици актерки и соработнички го обвинија за долгогодишно сексуално вознемирување и насилство, според она кое се гледа на видеото кое беше објавено на YouTube, доби неколку шамарчиња во еден ресторан до човекот кој потоа и го натепал на излегување од ресторанот.

Ако може да му се верува на TMZ, Харви во вторникот, на 9 јануари, вечерал во ресторанот „Elements“ во Соктсдејл, кога еден човек по име Стив му пришол и го замолил за фотка со него. Стив подоцна изјавил дека Вајнстин непријатно го одбил, додека менаџерот на ресторанот тврди дека Вајнстин бил „сладок“ и љубезно го одбил.

Стив и Вајнстин седнале на своите места, но на ексклузивната снимка се гледа што се случило околу 21 часот, кога тргнале да си одат од ресторанот. Иако менаџерот вели дека раката од Стив не го допрела лицето од Харви, јасно се гледа дека Стив два пати го удира по лицето со зборовите „обично гомно“ и „губи се од ресторанот“.

Наводно, Стив пред ресторанот дополнително го удрил Вајнстин кој одбил да повика полиција.