Бившиот претседател на Кривичен, Панчевски, осуден за мобинг


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски денеска е осуден за мобинг. Од Основниот суд Скопје 2 потврдија дека на денешното рочиште судијата делумно ја усвои тужбата на поранешниот раководител на секторот за човечки ресурси во Основниот суд Скопје 1 Горан Стаменковски. Како неоснован е отфрлен делот од тужбата во кој се бара забрана за тужениот да извршува функција со која ќе може да врши мобинг.

Панчевски не присуствувал на изрекувањето на пресудата, во судниците бил присутен само неговиот адвокат Димитар Дангов. Македонските медиуми јавуваат дека по изрекувањето на пресудата, ниту тужителите ниту застапникот на тужениот не сакале да дадат изјави.

Според тужбата, Панчевски подолг временски период го прераспределувал Стаменковски на пониски работни позиции, го казнувал и од него барал да исполни норма која во судската пракса не постои. Стаменковски, покрај тужбата за мобинг, поднел и две кривични пријави против Панчевски за малтретирање во службата и за повреда на рамноправноста.