Бившиот пливачки ас Александар Маленко се разведе по четврт пат


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот македонски пливачки ас Александар Маленко, на гостување во утринската емисија на телевизија Алфа за јавноста откри дека веќе некое време не живее заедно со својата четврта сопруга Фани со која има два сина.

Маленко зад себе има четири брака и пет деца.

Прва негова сопруга беше водителката Сузана Турунџиева, со која ја има ќерката Лора, од која доби и внук. Беше во брак и актерката Јелена Жугиќ со која го има синот Ахил. Третата сопруга на Маленко беше Русинката Татјана Михалова Фјодорава со која исто така има син.