Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
43 годишната Нунсиа дел Виско му го гризнала тестисот на својот бивши дечко, затоа што одбил да има секс со неа и со уште еден маж. Цела случка се случила после вечерта која Нунсиа ја поминала со алкохол и дрога.
Таа после својата смена во ресторанот во Единбург со колегите заминала во ноќен клуб. Таму пиеле и консумирале дрога, а тогаш тие одлучиле да одат во станот на бившиот дечко и таму да ја продолжат забавата.
Нунсиа тогаш влегла во собата кај него со нејзиниот пријател Масим. Бившиот дечко на суд изјавил дека таа влегла гола во неговата соба и барала од него да му се приклучи во сексот.
„Кога ја одбив, почна да вика на мене па по неа фрлив парче облека и и кажав да се губи од мојот стан. Тогаш таа со забите ми го зграпчи тестисот. Неколку пати ја удрив, па морав да и го ставам прстот во око за да ме пушти“, вели дечкото.
Кога дошла полицијата на местото на настанот, Нунсиа се бранела тврдеќи дека постапила во самоодбрана, но исто така признава дека не се сеќава на деталите.
„Кога тргна према мене, го гризнав. Се сеќавам на галама и крв во устата“ вели таа.
Осудена е на шест месеци забрана за излегување помеѓу 22 часот и 6 часот, а на бившиот дечко мора да му исплати 570 евра оштета.