Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Долгогодишниот приватен адвокат на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, адвокатот Мајкл Коен денес треба да ја чуе осудителната пресуда откако се изјасни за виновен за даночни и банкарски измами, како и за обвиненија за финансирање на кампањата што потенцијално би можело да го инволвираат и Трамп.
Денеска судот треба да реши дали Мајкл Коен ќе добие помала казна за овие кривични дела меѓу кои кои исто така е и лажењето на Конгресот во врска со претходните деловни односи на Трамп во Русија. Американските обвинители соопштија дека Коен не успеал целосно да соработува со истражителите и затоа бараат затворска казна.
Случајот против Коен произлезе од истрагата што ја спроведува специјалниот советник Роберт Милер за врските на соработниците на Трамп со руски претставници.