Бившиот капитен на Леверкузен ја терал соругата да трча наместо него!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот капитен на Баер Леверкузен, Стефан Квислинг призна дека додека бил професионален фудбалер често не ја исполнувал индивидуалната програма која му ја давале тренерите.

За неговата изјава да биде уште поневеројатна Квислинг призна дека неговата сопруга трчала наместо него.

„Никогаш не давав 100% од себе си во трчањето за време на припремите. Ниту еднаш. Ни даваа еден часовник со кој трчаш за време на индивидуалната програма. Тој часовник бележи апсолутно се. Но, мојата сопруга е исто така спортист и трчаше наместо мене“, призна 34-годишниот Квислинг.

„Таа тоа го правеше на вешт начин, па ниту еднаш тренерите не приметија кога ги прегледуваа записите од часовникот. Лекарите и тренерите секогаш утврдуваа дека нема никаков дисбаланс и дека сум 100% спремен“, додаде Германецот.

Квислинг стави крај на кариерата минатото лето и во моментов е помошник на спортскиот директор во Баер Леверкузен.

https://twitter.com/dw_sport/status/1070283811873792001