Бившиот ФБИ директор и Закерберг врз камерата од лаптопот лепат трака – паметно е и вие да правите така


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Дали некогаш сте се запрашале колкави се шансите некој да ве шпионира преку камерата и микрофонот од мобилниот телефон или лаптопот?

Бивишиот директор на ФБИ, Џејмс Коми, веќе одамна откри дека камерата од лаптопот ја прекрива со леплива трака за да ја спречи можноста да биде шпиониран. А кога тој го прави тоа, многу луѓе сериозни би размислиле дали и тие треба да користат таа практика.

 

Можеби не сте знаеле, но апликации како WhatsApp, Facebook, Snapchat, Instagram, Twitter, Viber и слични, е помоќни отколку што мислите, вели Феликс Краус од iOS.

Преку овие апликации е можно:

– Пристап до вашата предна или задна камера на смартфонот

– Да ве снимаат кога и да се отворени тие на мобилниот

– Сликање и снимање видео без ваше знаење

– Прикачување слики и видео без ваше знаење

– Започнување Livestream без да бидете известени

– Детектирање дали корисникот е сам на мобилен или се гледа со друго лице

Застрашувачки е фактот дека агенции како американската NSA имаат пристап до вашите уреди преку вградени задни влезови. Тоа значи дека во секој момент можат да ги слушаат вашите разговори, да ги читаат вашите пораки, да преземаат ваши слики и снимки, да читаат мејлови кога ќе им падне на памет, пишува The Guardian.

„Ако ова не ви звучи страшно, запрашајте се како би се чувствувале некој да ви стои пред прозорецот, гледајќи ве дома. Бидејќи токму тоа ви се случува преку вашите камери секој ден“, вели Дилан Каран, информатички советник и програмер, додавајќи дека луѓето не размислуваат кого сè на овој начин го пуштаат во својот живот.