Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претпремиерните промоции на новиот модел на Porsche 911, кога неговата промоција се брои речиси во часови, не запираат. Овој пат, автомобилскиот гигант својот нов убавец му го даде да го сефтоса на бившиот Формула 1 пилот Марк Вебер.. Друштво му правеше инженерот на новата 911-ка, Огуст Ахлајтнер.
„Со еден збор, фантастичен е“, вели поранешниот тркач на Williams и Red Bull Racing, додавајќи: „Има толку многу позитивни моменти. Како на пример тоа што проширената предна оска дава подобри перформанси во свиоците и влегувањето во свиокот станало уште попрецизно“.
„Различната големина на предните и задните тркала прават голема разлика во стабилноста при брзо менување насока. Што се однесува до дизајнот, многу ми се допаѓа – многу е јасен и е типично порше“, вели Вебер.