Бивши сопружници за пример: Разведените Брус Вилис и Деми Мур заедно заглавија во карантин


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ако на некој бивш, разведен брачен пар им кажеш дека треба да заглават во самоизолација заедно, веројатно тоа ќе им звучи како сценарио извадено од кошмарите. Но, за славните актери Деми Мур и Брус Вилис, кои своевремено беа брачен пар, но одамна се разведени, таквата ситуација не претставува никаков проблем.

,,Моќната двојка’ од 90-тите , чиј брак заврши во 2000 година, по разводот останаа во пријателска врска, а тоа сега го потврдија и со фотографиите од изолација што ја поминуваат заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on

Деми и Талула Вилис на својот Инстаграм објавија фотографии од поранешните сопружници кои носат исти пижами со зелени и бели пруги, а на две од нив е прикажан и остатокот од домаќинството со кое се наоѓаат во изолација, односно нивните три ќерки и нивните партнери и кучињата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski) on

И покрај тоа што им даде одличен пример на другите разведени парови, Брус исто така покажа и скриен талент за фризер и ја избричи главата на својата ќерка Талула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski) on

Патем, Брус е во брак со манекенката Ема Хеминг уште од 2009 година, со која има две деца, додека Деми во моментов е сингл.