Славни

Бившата ѕвезда на Арсенал: Размислував за самоубиство!

Бившата ѕвезда на Арсенал во интрервју за англиските медиуми раскажа детали од приватниот живот кои предизвикаа неверување кај фановите.

Емануел Ебуе во еден период беше незаменлив дел од одбраната на Арсенал, а на залезот на кариерата последните денови ги поминува играјќи за Сандерленд. Играше и за Галатасарај во Турција, а настапувајќи за Арсенал цели седум години стекна голема почит и углед на Островот.

Но, не е се така прекрасно во животот на овој долгогодишен репрезентативец на Брегот на слоновата коска. Во разговор за „Телеграф“ откри шокантни детали од својата биографија и призна дека дури размислувал за самоубиство.

„Тоа беше дел од мојот живот кога го допрев дното. Размислував за самоубиство. Најболно е што никој од моите соиграчи, кои ги доживував како браќа, не ми се јави да ме праша како сум“, изјави Ебуе.

Потсетуваме, Светската фудбалска федерација го суспендира на една година бидејќи одбиваше да исплати хонорар на својот агент, а компетниот случај многу тешко влијаел на него.

Неговиот пример е само еден од многуте кои укажуваат дека големите пари во фудалот не мора да значат и многу среќа. Напротив, многу играчи во текот на својата кариера или по завршувањето на истата паѓале во депресија и тешко се опоравувале.

Advertisements
To Top