Бившата тапанарка ја обвинува Бијонсе за црна магија, шпионирање и убивање миленици


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кимберли Томсон, бившата тапанарка која седум години соработуваше со мегапопуларната Биојнсе, ја обвини светската поп дива дека се служи со црна магија, прислушување и убиство на миленици.

Кимберли побарала забрана за приоѓање и во тужбата тврди дека Бијонсе прави се за да и го отежне животно и дека во таа цел користи црна магија?!

Тапанарката воедно истакнува дека Бијонсе го прислушува нејзиниот телефон и ги контролира нејзините финансии. Меѓу бизарните тврдење, Кимберли Томпсон навела и дека музичката ѕвезда и го убила мачето.

Судијата која работел на овој случај ги отфрлил обвинувањата на Кимберли, а Бијонсе уште е без реакција за целиот случај.