Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившата советничка на актуелниот македонски премиер Зоран Заев, Ивана Јордановска, распали на Твитер со вулгарни пораки кон францускиот претседател Емануел Макрон, порачувајќи дека знае оти наскоро ќе има прилика и во живо, директно да му ги каже.
Во својот пост на Твитер Јордановска која е блиска на актуелната Влада на Макрон му упатува директни навреди и закани дека еден ден и лично ќе му ги пренесе.
„Како некој кој има диплома од истиот универзитет како Макрон и е европски федералист, е*и се и ти и твоите политики претседателе Макрон (извинете за мојот француски)”, пишува Јордановска која утринава напишала повеќе навредливи постои за Франција и Макрон.
„Да сумираме. Е*и се претседателе Макрон Знам дека ќе добијам шанса да ви го кажам ова в лице еден ден”, пишува Јордановска.
Двете пораки на Јордановска на англиски јазик:
As someone that holds a degree from the same Alma mater as #Macron and is a European Federalist (even if not a citizen of the EU), fuck you and you politics, President Macron. (Pardon my French, pun intended.)
So, to sum it up. Fuck you, President #Macron. I know I’ll get the chance to say it to your face one day.
Од Владата се оградија од својата екс советничка која го советувала премиерот до лани.
“Ивана Јордановска не е вработена во Владата од август 2018. Изнесените ставови може да бидат само нејзини лични мислења и никако не ги изразуваат и не смее да се поврзуваат со ставовите и политиките на Владата. Владата не поддржува и осудува говор на омраза во која била форма”, напиша портпаролот на Владата во реакцијата.