Бившата сопруга од Елтон Џон: „Сакав да се самоубијам на медениот месец“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ренате Блауел, бившата сопруга на музичката легенда, Сер Елтон Џон, откри дека се обидела да си го одземе животот за време на нивниот меден месец во 1984 година. Овој податок стои во документите доставени до Високиот суд во Лондон, пишува ВВС.

Блауел изјави дека земала голема доза на валиум откако пејачот и рекол дека „нивниот брак не функционира и сака да си замине“, а тоа било само три дена откако пристигнале во Сант Тропе.

Наводите се дел од тужбата за отштета поднесена од Блауел против Елтон Џон и во која таа тврди дека музичарот ги прекршил одредбите од нивниот договор за развод.

Ренате беше во брак со Сер Елтон четири години и не се изложувала премногу во јавноста се до нивниот развод во 1988 година.

Но, претходно оваа година, таа поднесе тужба откако ја прочита автобиографијата на Елтон „Јас“ и откако го видела филмот за познатиот пејач „Рокетман“. Тоа откритие ги вратиле нејзините долгогодишни ментални тешкотии, тврди Блауел.

Како одговор, одбраната на Елтон Џон го призна постоењето на договор за развод, потпишан од обете страни, но негира какво било прекршување на договорот што ќе создаде „психолошка штета“.

Сепак, адвокатот на Ренате Блауел, Адам Волански, рече дека музичарот е свесен за проблемите на неговата поранешна сопруга со „вознемиреност и депресија“ и дека состојбата е „дополнително влошена од интересот на медиумите и публицитетот на кој таа беше изложена“. Нејзиниот обид за самоубиство и серијата напади на паника за време на нивниот брак се доказ за тоа тврдење, вели Волански.

Еден таков инцидент се случил за време на вечера некаде околу 1985 година, организирана за членовите на кралското семејство.

– За време на посетата, принцезата Маргарет ја праша Блауел деталите за една слика што му припаѓаше на обвинетиот, но бидејќи оваа не може да се сети на какви било детали за сликањето, таа почна да паничи и стана многу нервозна. Таа го прекина разговорот на Елтон со мајката кралица за да го праша за помош пред да отиде во друга просторија. Иако не објасни зошто го сторила тоа, мора да му биде јасно на обвинетиот дека се повлекла поради нервоза, рече адвокатот.

Во документите претходно доставени до судот, Блауел рече дека автобиографијата на Елтон и филмот „Рокетман“ го повлекле интересот на медиумите за неа и нивниот брак и дека новинарите се обиделе да ја најдат во селото каде живее, што повторно и создало голем стрес.

Според тврдењата на судот, таа потрошила илјадници фунти на разни терапии и третмани.

Како одговор на тужбата, адвокатот на Сер Елтон Џон рече дека тој отсекогаш ја почитувал приватноста на Рената и дека ќе продолжи да го прави тоа. – Познато е дека нивниот брак беше полн со почит и дека по разводот тие продолжија да имаат еден вид однос полн со почит, кој траеше 30 години, рече адвокатот .