Бившата прва дама на САД станува готвачка во кулинарско шоу на Нетфликс


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама го започнува своето кулинарско шоу наменето за најмладите кое ќе се емитува на Нетфликс. Таа ќе биде sвезда и извршен продуцент на шоуто „ Waffles+Mochi “, кое ќе започне да се емитува на 16 март, пишува Си-Ен-Ен.

Запрашана за нејзината нова емисија на Нетфликс, Обама појасни дека нејзината содржина ќе биде насочена пред се за децата.

Главни sвезди на шоуто ќе бидат две кукли со соодветни имиња – Вафли и Мочи, а Обама ќе биде сопственик на продавница. Како што објасни таа, шоуто ќе го покаже нивното заедничко „патување“ на кое ќе се обидат со својата моќ при готвењето.

„Со помош на пријателите, вклучувајќи ја и сопственичката на супермаркетот Мишел Обама и волшебната летачка корпа за шопинг, дизајнирана како водич, главните ликови Вафли и Мочи ќе патуваат низ светот и ќе посетуваат разни кујни, ресторани, фарми и домови, ќе подготвуваат јадења со разни зачини со помош на славни готвачи, деца и познати личности “, објаснија од Нетфликс.

Темата на шоуто е тесно поврзана со слоганот „Ајде да се движиме“ од претходната кампања за јавно здравје на Мишел, чија цел е борба против дебелината кај децата.

Целта на нејзината кампања е да покрене иницијативи кои ќе им помогнат на сите семејства да добијат пристап до здрава храна и да ја зголемат физичката активност.

„Вафли + Мочи“ е само еден од многуте медиумски потфати на поранешната прва дама.

Нејзиниот документарец „Becoming“ претходно бил прикажан на Нетфликс, а во 2020 година започна и подкаст на Spotify. Мишел и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на САД, Барак Обама, потпишале повеќегодишен договор со Нетфликс за производство на филмови и серии наречен Higher Ground Productions.