Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лидија Поповиќ е позната српска диџејка, во јавноста популарна како Лејди Ли. Таа е позната и како првата девојка на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ.
Таа беше во врска со Новак пред тој да стане глобално популарен, а љубовта не траеше долго поради обврските на Новак, кои потоа драстично се зголемија поради ненадејниот подем во неговата тениска кариера, па нивните патишта се разделија.
Лидија и Новак се обиделе да одржат врска на далечина, меѓу Нови Сад и Белград, но кога сфатиле дека не им оди, решиле да ја прекинат врската.
Во едно од претходните интервјуа таа рече:
„Ноле за време на нашата врска беше секогаш внимателен и насмеан, но тогаш немаше обврски како денес. Сега носи голем товар на грбот како познат човек во светот на спортот. Се разбира, Ноле не е папучар…“, рече Лидија.