Бившата од Ал Пачино за раскинувањето: „Колку и да го сакам, сепак, тој е старец“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бившата девојка на славниот холивудски актер и заводник, Ал Пачино, 39 години помладата Мејтал Дохан, откри поради што врската со холивудската ѕвезда била осудена на пропаст.

После речиси две години поминати во врска, 43-годишната израелска актерка Мејтал Дохан за едно локално списание откри дека врската со Пачино ја раскинала поради големата разлика во годините.

„Тешко е да бидеш со стар човек, па дури тој да е и Ал Пачино“, изјави Мејтал за израелското списание La Isha, пренесува People.

„Разликата во годините е преголема. Се трудев да го занемарам тоа, но, да бидам искрена, тој сега е само еден старец. И покрај сета моја љубов, врската не опстана“.

„Неодамна се искаравме и го оставив, но навистина го сакам и почитувам. Мило ми е што бев покрај него кога и да му беше потребно тоа и што сум дел од неговото наследство“, додаде Мејтал. „Тоа ми претставува чест. Среќна сум што бевме во врска и се надевам дека ќе останеме добри пријатели“. Таа откри дека Пачино не ја опсипувал со подароци, туку дека ѝ купувал само цвеќе.

Парот последен пат се појави заедно во јавност на премиерата на „The Irishman“, најновиот филм на Мартин Скорсезе во кој глуми и Пачино. Тогаш друштво им правеше и 18-годишната ќерка од актерот, Оливија.

Пред врската со Дохан, Пачино десет години беше во љубовна врска со аргентинската актерка Луција Сола. Нејзината ќерка Камила Мороне, која моментално е девојка на Леонардо ДиКаприо, порасна покрај Ал и се многу блиски.