Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„500 луѓе годишно се дијагностицираат со мултипен миелом во Грција. Една од нив веќе сум и јас“, објави поранешната грчка министерка и пратеник од Нова демократија Дора Бакојани на својот официјален фејсбук-профил.
Таа соопшти дека има рак на белите крвни клетки, кој е во почетна фаза и со најдобра можна прогноза за текот на болеста, јави дописничката на МИА од Атина.
„Никогаш не е лесно да слушнеш дека имаш рак. Она што не го контролираш, она што ненадејно доаѓа од никаде, тоа повеќе те плаши. И те плаши, не само за тебе, туку и за оние што ги сакаш и те сакаат. Сепак, постои борба со оваа болест и се победува. И ако нешто е сигурно, тоа е дека никогаш немам отстапено од ниедна битка во мојот живот“, напиша Бакојани
Објасни дека ќе продолжи регуларно да работи паралелно со терапијата, а на другите 499 заболени лица им порача дека е „болест со која учиш да живееш, паралелно и истовремено“.