Бившата дадилка тврди: Анџелина Џоли е слаба мајка, нема контрола над децата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако славниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит ставија крај на нивниот брак, во јавноста, преку медиумите, протекуваат и постојано излегуваат разно-разни пикантни детали од нивниот приватен живот кои ги откриваат луѓе кои им биле блиски или сè уште им се дел од нивното најблиско опкружување. Дел од нив се веродостојни, а на дел е ферски да се стави знак прашалник.

Една од тие личности е и дадилката која со децата на Анџелина била буквално 24/7, открива за магазинот „ОК“ дека актерката не може да ги воспита своите деца и дека се целосно надвор од контрола.

„Таа е мајка која е постојано отсутна поради своите секојдневни проблеми и кариерата, нема доволно време да им се посвети на децата и тоа е рецепт за пропаст“, вели дадилката.

 

Додека Бред Пит живеел со Анџелина и семејството, имало ред и мир. Дадлката рекла дека актерката е премногу склона на консумирање алкохол а тоа им го дозволува дури и на децата.

Потсетуваме, Анџелина во една прилика изјави дека секоја вечер таа им пее на своите деца приспивни песни и дека домашните задачи и образованието на децата се нејзин приоритет.