Бивша ескорт дама: „12-годишни девојчиња ми бараат совети за да бидат проститутки“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гвинет Монтенегро (39) од Мелбур со ескорт услуги почна да се занимава на 21 година, откако била силувана по што нејзиниот тек на животот целосно се променил.

Некогашната строга христијанка во таа индустрија поминала 12 години. Со заработка од околу 800 евра за час, можела да си дозволи дизајнерски потпишана облека, скапи автомобили и првокласни патувања по светот. Но, токму таа гламурозна слика за животот во секс индустријата е виновна за фактот дека Гвинет постојано ја контактираат 12-годишни девојчиња барајќи совети како да станат ескорт дами.

Меч со две острици

Згрозена од сè поголемиот интерес на малолетните девојки за овој занает, таа одлучи да ја раскаже вистината за работата со која се занимавала и да ја открие нејзината не така гламурозна страна.

„Читам по весници како се истакнуваат големите суми кои ги заработуваат девојките од мојата бранша, па не е ни чудно што сè повеќе девојки размислуваат за тоа. Но, дојде до тоа 12-годишни девојчиња да ми бараат професионални совети. 12-годишни! Па, тие уште одат во школо, а веќе планираат да стана проститутки. Кој родител сака неговата ќерка така да размислува?“, прашува Гвинет.

Вели дека е навистина е можно да заработите енормно високи хонорари од продавање на своето тело, но дека тоа е меч со две острици.

„Мора да имате цврст ум и карактер за да се занимавате со тоа, бидејќи работите на самото дно на општеството и тоа во доста небезбедни услови. Треба да се земе во предвид и општествената стигма која ќе ве следи цел живот. Вие сте курва и секогаш ќе бидете само тоа, играчка за мажите“, признава таа.

#gwynethmontenegro

A post shared by Gwyneth Montenegro (@gwynethmontenegro) on

Работа која не е за секого

„Оние кои ќе дотуркаат до елитно ниво, во суштина, се многу малку. Тоа што не го пишува во весниците е дека елитниот ескорт не се вика така затоа што го сочинуваат неверојатно убави дами. Вистина, изгледот има голема улога, но огромни пари не се заработуваат со изглед, туку нудејќи услуги кои другите колешки не сакаат да ги нудат. Со други зборови, елитното или првокласно во овој случај значи надминување на границите и фаќање во костец со нештата кои мнозинството ги смета за несигурни“, вели Гвинет за Daily Mail.

„Бев млада и глупава. Мислев дека живеам на висока нога. Си го ризикував здравјето, безбедноста и иднината. И токму тоа е она на кое сакаат да се изложат сите тие млади девојки. Тие немаат поим“, вели Гвинет.

Иако заработката била повеќе од солидна, таа никогаш не го сметала ескортот за своја кариера.

„Кому му е гајле што вие тоа го сметате за исплатлива работа? Повеќето од времето вие давате сексуални услуги на нечии сопрузи. Ако имате и трошка совест, нема да се чувствувате добро после тоа“, додава таа.

Иако цврсто верува дека секс индустријата има право да постои и треба да биде легализирана, оваа бивша ескорт дама истакнува дека тоа не е за секого.