Бивш студент од универзитетот бара обештетување од 3 милиони долари – еве ја причината за тоа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


52-годишниот бивш студент на квинслендскиот универзитет „Џемс Кук“ тврди дека поради стресот кој го доживувал при студирањето и полагањето испити, ја загубил неговата желба за секс, па сега тој поради тоа бара обештетување од универзитетот во висина од 3 милиони долари.

Калдип Ман, кој во младоста студирал во Квинсленд го тужи факултетот за „ментална тортура“, што предизвикала загуба на желбата за секс , па бара отштета од 3,12 милиони долари.

„Ме погоди на сите подрачја, вклучително и во сексуалниот живот. Веќе немам желба да бидам во кревет со партнерката. Немам нагон, ниту желба…Желба за што било. Да не ме изиграше вака универзитетот и да не ми ја уништеше кариерата, сега ќе го завршев својот докторат.”, вели Ман.

Тој во 2015 за докторат од општествени науки платил 20.000 долари, но од таму го обвиниле за плагијат и го исфрлиле од факултетот.

Неговата судбина сега е во рацете на Врховниот суд на Квинслен , каде планира да ги раскаже сите трауми поврзани со „долготрајното вознемирување на Универзитетот Џејмс Кук, кое деноноќно го измачувало и негативно влијаело врз неговите сексуални нагони”, поради што сега врската му е пред распаѓање.

Од Универзитетот за американските медиуми наведуваат дека не може да коментираат индивидуален случај како овој.