Бивш италијански одбојкар со години ѝ праќал пари на измамничка која му тврдела дека е Алесандра Амброзио


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бившиот италијански одбојкарски репрезентативец Роберто Казанига (42) со години ѝ праќал пари на жена за која мислел дека е бразилската манекенка Алесандра Амбросио (40), за конечно да се докаже дека зад сето тоа стои 50-годишна измамничка од Сардинија.

Според италијанските медиуми, Казанига во претходните 15 години и`испратил околу 700 илјади евра на жената за која мислел дека Алесандра Амброзио, а како што самиот признал, се започнало кога пријател му дал телефонски број кој наводно и припаѓал на жената која сакаше да се запознае со него.

Тоа била Маја, 50-годишна жена од Сардинија, која тврдела дека се работи за псевдоним што го користи и дека таа е всушност бразилската манекенка Алесандра Амбросио.

Казанига вели дека не се сретнале затоа што се правдала со густ распоред и проблеми со срцето.

„Никогаш не се видовме. Таа секогаш имаше илјада оправдувања, како болест или работа. Но, јас сепак се заљубив во тој глас и затоа се јавував на повиците. Контактиравме само преку мобилен телефон, речиси секој ден“, изјавил Роберто за Corriere.

Роберто признал дека позајмил пари од пријателите и семејството за нејзините потреби, додавајќи дека три лица стојат зад измамата. Инаку, соиграчите го опишале како интровертен и наивен и дека всушност се сомневале во измама и го пријавиле случајот во полиција која што ја води истрагата.