Бивш француски шпион и писател на шпионски романи мистериозно егзекутиран


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бившиот француски разузнувач и автор на романи со шпионска тематика, 57-годишниот Даниел Форатие (57) беше мистериозно егзекутиран.

Телото на Форатие беше најдено изрешетано во близина на Женевското Езеро во малото место От-Савоа. Полицијата соопшти дека егзекуцијата ја извршиле професионалци, а во телото на писателот биле најдени пет куршуми.

Поранешниот разузнувач е убиен на само шест месеци откако против него е поведена истрага за неговата улога во планирањето атентат врз опонентот на претседателот на Конго .

Тој 14 години бил припадник на специјалните разузнувачки единици, кои вршеле супертајни и деликатни задачи, соопшти полицијата.

Форатие со сопругата и двете деца живеел во малото место Лусинже, на 15 километри од местото каде што било најдено неговото тело.