Home Актуелно Битолчани биле на Занзибар и се вратиле со коронавирус – се испитува дали го донеле јужноафриканскиот сој во Македонија

Битолчани биле на Занзибар и се вратиле со коронавирус – се испитува дали го донеле јужноафриканскиот сој во Македонија

Утре, откако во МАНУ ќе завршат анализите на брисевите од двајцата битолчани кои пред пет дена се вратиле од Занзибар и биле позитивни на коронавирус, ќе се знае дали го донеле јужноафриканскиот сој на вирусот во Македонија.

Здравствените власти најавуваат задолжителен карантин за сите кои доаѓаат од овие држави, а не се исклучува можноста за заострување на мерките.

Едниот од сопружниците во тешка здравствена сосотјба пред два дена е префлен од Битола во струшката болница за нефрологија со актуно воспаление на бубрезите и од оваа установа утре се до МАНУ ќе испратат материјал за анализа на вирусот. Неговата сопруга пак е на болничко лекување ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Двонделените аранжмани во Занзибар агенциите ги нудат за околу 1000 евра, а за патувањето не е потребен негативен тест на вирусот. Јужноафриканската мутација ги напаѓа и оние кои го прележали стариот сој на КОВИД-19. А во Прилеп пак, каде доминира британската мутација, досега се регистрирани 8 случаи на реинфекција, од кои 4 во последните три недели. Од Центарот за јавно здравје уверуваат дека бројката не е голема поради што се уште нема доволно податоци за причините за реинфекција.

Сериозен проблем за епидемиолозите во Прилеп е криењето контакти, што е уште една причина за ширење на заразата, покрај непочитувањето на мерките и поголемата моќ на преносливост на британската мутација на вирусот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…