Битолчанецот кој си го уби зетот во самоодбрана доби ослободителна пресуда


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Битолскиот Основен суд донесе ослободителна пресуда за 62-годишниот битолчанец Тони Ѓоргиевски-Фердо кој беше обвинет за убисто на невенчаниот зет за ќерка, 44-годишниот Стојанче Соколов.

Фердо на 21 февруари годинава пукаше во него со пиштол откако овој со мачета насила му упадна во куќата и им се закануваше.

„Пресудата ја донесе Основниот суд од Битола конечно по осум месеци, ослободителна за мојот татко. Ова за нас е нов живот поминат низ пекол“, изјави синот на Фердо, Јове Ѓорѓиевски.

Ѓоргиевски беше осомничен за убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик како со умисла да убил Соколов. Во соопштението на Обвинителството стоеше дека зетот вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели и починал на лице место.

По ова Фердо беше притворен, а неговото семејство организираше протести за негова слобода. На протестите се пожалија дека 20 години ја трпеле неговата тортура, дека ја малтретирал невенчаната сопруга, децата и останатите членови од семејството. Синот Јове на протестите изјави дека убиството беше во самоодбрана зашто сега починатиот дошол со намера да ги отепа, ги нападнал со ножот, па татко му морал да пука за да ги одбрани останатите петмина што биле дома.

„Никој не сакаше тој да умре, но немавме друго решение освен да пука“, рече тогаш Јове.

Битолчани излегоа масовно на собирот пред судот да побараат ослободителна пресуда за таткото на Јове.