Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Единица од дигиталната криптовалута Биткоин за прв пат ја надмина вредноста на еден унц злато (28 грама).
Во вторникот, вредноста на еден Биткоин била 1268 долари, а еден унц злато чинел 1233 долари.
Моменталниот максимум се смета дека се случил поради зголемената побарувачка во Кина, каде властите предупредуваат дека се користи за да се канализираат парите надвор од државата.
Порастот од минатиот месец е големо враќање за Биткоин, чија вредност беше падната во 2014.
Вредноста на Биткоинот беше нестабилна откако беше лансиран во 2009 година, а многу експерти се сомневаа дека криптовалутата ќе трае.
На почетокот на годинава, кинеските власти го блокираа тргувањето во Биткоини како обид да спречат пари да излегуваат од државата илегално.
Но, забраната од Пекинг само ја намали вредноста на валутата. Откако постигна рекордно висока вредност во јануери, продолжи да биде во стабилен раст.
Биткоинот е привлечен за некои корисници поради анонимноста, како и поради недостатокот на владина контрола.
Веб страницата Silk Road беше затворена во 2013 година, после рации од ФБИ и други агенции, поради обвиненија за дилање дрога на неа. Властите конфискуваа милиони долари во Биткоини за време на рациите.