Биткоинот во надолна линија на берзите во Азија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Загуба од 25 насто од својата вредност доживеа најпознатата криптовалута биткоин, во првите неколку часа од отворањето на денешното тргување на азиските берзи.

Падот на вредноста се случува во моменти кога расте загриженоста околу најавата за можни регулаторни мерки, откако Министерството за финансии на Јужна Кореја соопшти дека не е исклучено да ја забрани трговијата со крипто валути.

Најновиот пад од 25 отсто, со што биткоинот се намали на 10.182 долари се случи на берзата Битстамп во Луксембург.