Биткоинот во еден ден изгуби третина од вредноста, дали е ова крај на лудилото?

Биткоинот

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Цената на Биткоинот денес падна за 30%, односно за 3.600 долари. Новата вредност на оваа крипто-валута изнесува 11.500 долари. Вредноста на Биткоинот оваа недела значително опадна, пред само една недела вредеше вртоглави 20.000 долари.

Цената на оваа крипто-валута започна после неколку лоши вести, па така оваа крипто-валута почна да опаѓа по растот од 1.300%, пишува CNN. Вчера следеше суспензија на трговијата со крипто-валутата по име Биткоин Кеш, поради сомневање за инсајдерска трговија. Американскиот регулатор SEC, предупредува дека вложувањето во нерегулираните дигитални валути е голем ризик.

Во почетокот на неделата една јужнокорејска дигитална менувачница беше принудена да престане со работа поради хакерски напади. Овие инциденти го поткопаа прашањето за доверливост кон пазарот со крипто-валутите. Па затоа многу од оние кои поседуваат Биткоини започнаа да ги продаваат.