Биткоинот повторно растура и руши вредносни рекорди


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минатиот викенд вредноста на криптовалутите Биткоин, Етереум, XRP и Литекоин ненадејно и експлозивно рипна во голема мера, при што Биткоинот ја надмина психолошката вредносна граница од 10.000 долари.

Тој со тоа дојде до максимумот од 11.200 долари на Битстамп менувачницата со седиште во Луксембург, додека другите криптовалути остварија двоцифрени добивки, додека наглиот раст предизвикал многумина да се сетат на славните времиња на Биткоинот и големиот скок на криптовалутите кон крајот на 2017година.

Тогаш, имено, вредноста на Биткоинот пораснала од 10.000 долари на скоро 20.000 долари за помалку од 20 дена.

За потсетување, околу почетокот на годинашната пролет, најпопуларната криптовалута на светот е во константен благ раст на вредноста, во текот на мај нејзината вредност надмина 8.000 долари а растот продолжи и во јуни.