Актуелно

Биткоинот не запира: „Нагази“ цена од 8.000 долари


Биткоинот повторно руши рекорди достигнувајќи цена од 7 998 долари. Може да се каже дека претходните две недели беа турбулентни за оваа криптовалута, со оглед на тоа дека во еден момент „падна“ на 5 500 долари.

После тоа, неговата вредност растеше, за да во меѓувреме порасне на 45 отсто.

Истовремено, пазарната вредност на биткоинот, или вкупната вредност на тие монети во оптек, порасна од 92 милијарди долари на 133,5 милијарди долари.

Вредноста почна да паѓа после пропаднатиот план на надградба на биткоинот под името Segwit2x (или накратко 2х), која би овозможила побрзи трансакции и ново отцепување на биткоинот.

Откако шпекулативната онлајн „валута“ се зголеми повторно во четвртокот до нов рекорд од над 7.800 долари, оценувајќи ја вкупната вредност на пазарот на биткоини на 130 милијарди долари, ново истражување откри дека повеќето Американци кои ја играат високоризичната игра, немаат поим што прават, пишува MarketWatch.

Три четвртини од сопствениците на биткоини не можат да посочат една финансиска причина за својата инвестиција, а повеќе од половина од нив не се загрижени за технолошката безбедност на своите биткоини, иако стотици милиони долари веќе беа украден од онлајн хакери.

Ова го покажуваат резултатите од студијата на 564 шпекуланти или инвеститори, спроведена помеѓу 9 и 13 ноември од страна на Pollfish, истражувачка фирма, нарачана од финансиската веб-страница – LendEDU.

Просечниот биткоин шпекулант има 2930 долари во „дигиталната валута“ за време на спроведувањето на студијата. Од тогаш, оваа бројка се зголеми на 3.500 долари, ако се претпоставува дека не е ниту купувано, ниту продавано.

На прашањето зошто се обложуваат на биткоин, 41 отсто од испитаниците рекле дека виртуелната валута ја сметаат за „технологија што го менува во светот“. 21% велат дека ова е „долгорочна инвестициска алатка како злато и сребро“, а 15% започнале по совет на роднина или пријател.

Ниту едно од наброеното не е финансиска причина за инвестирање.

Дури и ако технологијата зад „биткоин ќе го промени светот“, тоа не дава никаква инвестициска процена или образложение, пишува MarketWatch.

Биткоин не поседува патент над технологијата. И ако се верува дека тоа може да стане аналогија на инвестицијата во злато и сребро, изненадувачки е како тоа се тврди во оваа фаза. Биткоин постои само неколку години и е една од најнестабилните финансиски средства во светот.

Валутата се зголемува за речиси 700% од март. Но, две третини од испитаниците, 67%, велат дека не презеле чекори за да продаваат дел од своите „монети“. Само еден од секои шест лица вели дека ја прифаќа крипто-валутата како краткорочна инвестиција, која планира да ја продаде во рок од една година. Повеќето од испитаниците изјавиле дека планираат да ги задржат своите биткоини со години.

Поддржувачите на идејата за виртуелната валута, исто така, велат дека биткоин ќе го преоткрие начинот на кој плаќаме за нештата. Можеби. Но, само 8% од испитаниците планираат да го користат за купување.

Со други зборови, мнозинството признаваат дека играат шпекулативна игра без да знаат какви ризици преземат.

Финансиските експерти ќе речат дека нема ништо лошо во коцкањето или шпекулациите, се додека знаете дека го правите токму тоа. И шпекулациите, особено во балон, имаат многу предности – можете да направите лесни пари.

Оние кои досега се обложуваат на биткоин добиле голем профит. Но, тоа беше вистина и за оние кои се обложуваа на недвижен имот во средината на последната деценија. Беше забавно додека траеше, а оние кои успеаја да заминат на време – победија. Несреќата дојде кај оние кои сметаа дека нивните шпекулации се инвестиции и продолжија и откако „музиката престана“.

Извор: Стандард

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top