Биткоините од Снајдер ќе го спасуваат некогашниот гигант Милан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неколку месеци наназад од страна на италијанските медиуми се пренесуваат тврдењата дека Милан се наоѓа пред финансиски колапс бидејќи сопствениците не успеваат да ги вратат долговите кои ги направија при купувањето на клубот. Вистината веројатно е некаде на средината.

Факт е дека кинескиот газда Јонгхонг Ли минатото лето обезбеди буџет од околу 250 милиони евра за засилувања, факт е и дека клубот функционира нормално без застој во исплатата на обврските.

Но, исто така е факт и дека Кинезот „дебело“ се задолжи за да го купи Милан и дека до крајот на октомври мора да врати околу 370 милиони евра на американскиот фонд „Елиот“ .

Се почесто се шпекулира дека Јонгхонг Ли ги нема тие пари и дека ќе мора да ги продава сопствените акции со цел да ги подмири долговите, поради што констатно се шпекулира за нови имиња кои би можеле да влезат во клубот.

Но, денес ни пристигнува најнова и навистина интересна вест. Имено долгот на Милан кон „Елиот“ би можел да биде рефинансиран во криптовалути – биткоини! И тоа благодарение на платформата „Vsport“ која во биткоини врши вложување во спортски проекти.

Уште поинтересно е што еден од сопствениците на оваа компанија е прославениот холандски фудбалер и поранешен член на градскиот ривал Интер, Весли Снајдер. Компанијата на Снајдер наводно се понудила во биткоини да го врати долгот кон „Елиот“ во замена за мал процент од акциите на клубот.