Биткоин VS. Метроном – која валута ќе доминира?

биткоин

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според тврдењата од аналитичарот Рони Моан, вредноста на биткоин во следните десет години ќе се зголеми на 50.000 долари.

Тој истакна дека за пет години неговата пазарна вредност ќе ја надмине пазарната капитализација на Apple.

Биткоинот пазарно помоќен од Goldman Sachs

„Луѓето мора да почнат сериозно да ги сфаќаат работите, бидејќи биткоинот го стигна Goldman Sachs, а за пет години ќе го достигне и Apple, чија пазарна капитализација надминува 800 милијарди долари, изјави Моан од компанијата Standpoint Research.

Актуелната пазарна вредност на биткоинот е над 95 милијарди долари. Според податоците на CoinMarketCap.com, пазарната вредност на американската банка Goldman Sachs е 93,51 милијарда долари, а на Apple околу 807,89 милијарди долари.

Иако постои скептицизам во врска со биткоинот, во вторникот со криптовалутата се тргувало по цена од 5.700 долари.

На почетокот од годинава, кога со биткоинот се тргуваше по цена од 2.600 долари, Моан тогаш предвидуваше дека неговата цена ќе достигне 5.000 долари.

Најава на нова моќна криптовалута

Од друга страна, пак, Џеф Гарзик, познат по својот придонес во светот на виртуелните валути, за почетокот на овој декември најавува лансирање на нова криптовалута – Метроном.

Инспириран од самите ограничувања кои ги поставува биткоинот, тој ја добива идејата за криптовалутата која што според него ги надминува сите ограничувања на дотогашните криптовалути.

„Ние навистина мислиме дека оваа нова криптовалута е вистинска победа како од економска, така и од инженерска, правна и даночна гледна точка. Bloq потроши повеќе од 1 милион долари на правни и даночни прегледи за Метроном” вели Гарзик.

Што може да биде вредно за толку голем ризик и трошоци? Веројатно само валута многу подобра од претходните, на чело со Биткоин.

Метроном ќе биде валута која ќе нема свој сопствен синџир како Биткоин или Етереум. Оваа криптовалута ќе ја има предноста слободно да се трансферира од еден во друг веќе постоечки синџир. На овој начин луѓето ќе можат слободно да ги пренасочат своите средства од една во друга мрежа притоа избегнувајќи ги сите ризици и дополнителни трошоци.

Тоа значи дека Метроном ќе биде поатрактивна валута за банките и компаниите кои секојдневно извршуваат различни финансиски трансфери кои во последно време ги истражуваат криптовалутите барајќи решение за подобрување на трансакциите надвор од границите на матичните држави.

Што значи тоа?

Благодарение и на подобрувањето на мрежната поврзаност на оваа криптовалута, за една трансакција на Метроном ќе бидат потребни само 15 секунди што е многу пати подобро и побрзо од времето кое му е потребно на Биткоинот да изврши трансакција и кое изнесува 1 час, а некогаш и подолго.

Оваа криптовалута ќе ја има и опцијата на масовно плаќање, односно, на корисниците ќе им биде овозможено да праќаат пари на повеќе луѓе одеднаш.

Подобрениот софтвер при изработката на оваа криптовалута е дизајниран да минира нови парички ad infinitum. Тоа значи дека секој ден, 2880 нови парички ќе бидат додавани на основните 10 милиони.

„Вака изгледаат резултатите на години и години искуство и научени лекции. Земате празен лист хартија и дизајнирате нова криптовалута.” – вели Гарзик.