Биткоин милионери: Се наполнија со пари благодарение на криптовалутите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Биткоин со својата појава и пуштање во оптек предизвика вистинска економска планетарна треска на кој не одолеаја ниту најбогатите луѓе и некои технолошки гиганти.

Сепак, за многумина криптовалутaта уште важи за голема измама, додека други ја зграпчија со двете раце можноста дебело да заработат на принцип на тргување со биткоини.

Еден од нив е бившиот градежен работник Даниел Колоси, кој минатата година инвестираше 5.000 долари во криптовалаутата заедно со еден пријател. Тој направи 200.000 долари само неколку месеци и проценува дека овој начин на водење бизнис ќе го направи милионер до 2019 година.

Очекувано, дел од парите што ги заработил од криптовалутата ги потрошил за патување низ светот, а планира да се пресели во Тајланд.

A post shared by Erik Finman (@erikfinman) on

Ерик Финман во 2011 година инвестирал 1.000 долари кои ги добил како подарок за својот 12-ти роденден на неговата баба. Според денешните вредности на криптвалутата, има околу 4 милиони.

Финман склучил договор со своите родители – ако стане милионер од 18 години, тој не мора да оди на колеџ. Тој се збогатил толку брзо што неговите родители му дозволиле да го напушти училиштето многу порано, на возраст од 15 години.

A post shared by Eddy Zillan (@eddy_zillan) on

Еди Зилан одлучил да ги вложи сите заштеди во вредност од 12.000 долари во криптовалути. Парите ги заработил со одржување часови по тенис, а кога имал 18 години, одлучил да ризикува. Три години подоцна, тој имал милион долари на сметката.

Потоа ја отворил компанијата “Cryptocurrency Financial”, специјализирана за консултации за инвестирање во криптовалути. Тој се нарекува себе си “Волк на светот на криптовалутите”.

Можеби веќе ги познавате браќата Тајлер и Камерон Винклвос. Тие го тужеа Закерберг за наводна кражба на идејата за Фејсбук. Бидејќи таа работа им беше изгубена, тие беа меѓу првите инвеститори во криптовалитите. Со оглед на вредноста на биткоинот, близнаците веројатно се првите биткоин милијардери во светот.

Инаку, тие добија тужба против Фејсбук во 2008 година и 65 милиони долари отштета, а во март 2013 година, тие инвестираа околу 11 милиони долари за купување околу 1% од резервите на Биткоин, кога електронската валута вредела 120 долари. Точната сума не е позната, но се верува дека станува збор за околу 100.000 Биткоини, во вредност од над една милијарда долари.

Рован Хил ја напуштил својата работа во рудникот кога имал 26 години откако ги извадил парите што ги заработил од Биткоините. Заработени пари ги троши за патувања.