Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешната најпопуларна двојка од филмскиот џет-сет е во жестока битка за децата. Според адвокатот на Бред Пит, тие не ја поднесуваат својата мајка која им оди на нерви и сакаат да бидат со таткото.
Поранешните сопружници Бред Пит и Анџелина Џоли водат жестока битка во која нивниот брак болно се распаѓа пред очите на нивните деца Медокс (17), Пакс (14), Захара (13), Шило (12), Вивиен и Нокс (10). Децата во таква ситуација секогаш најтешко страдаат.
Кавгите меѓу Бред и Анџелина не се ништо ново, а жестоко се караа во времето кога важеа за најсреќна двојка во Холивуд. Се беше трауматично за нивните деца.
„За нив оваа приказна предолго трае. На децата им ги кршат срцата секој пат кога ќе видат како нивните родители се караат. Сите пари на овој свет или помошта од дадилките не можат да им ја заменат родителската љубов“, пишува Radar Online.
Во меѓувреме, децата живеат во Лондон со Анџелина, чие нервозно и непресметливо однесување им оди на нерви. Анџелина пред децата често зборува лошо за Бред, иако тие добро се чувствуваат во негово друштво.
„Децата сакаат што побрзо да се вратат и да се вселат кај својот татко. Го сакаат назад во својот живот. Секој ден под покривот на Анџелина за нив е драма и веќе им е преку глава“, вели адвокатот на Бред.